Македонија

Промоција на донаторската акција „Нахрани 10.000“

Претставници на мрежата „Сите сити“ денс ќе се одржат прес-конференција на која ќе ги повикаат граѓаните и бизнисите да им се приклучат во најголемата донаторска акцијата- „Нахрани 10.000“, којашто ќе се одржи по повод Светскиот ден за борба против гладта- 16-ти октомври.

Жителите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница, може да донираат храна од 10 до 19 часот на 32 локации.

Организаторите информираат дека оваа акцијата се организира поради статистиката која покажува дека во Македонија, 445,099 граѓани имаат проблем да си обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат десетици илјади тони храна. Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на коишто им е потребна, Македонија може да го намали проблемот со гладот и сиромаштијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток