Свет

Околу 1.700 лица се вклучени во потрагата по преживеани по ураганот „Мајкл“

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека околу 1.700 лица се вклучени во мисијата за пронаоѓање и спасување на исчезнатите по ураганот „Мајкл“, и дека до сега се проверени околу 25.000 домови во Флорида.

Исто така повеќе од 17.000 работници се на терен со цел повторно воспоставување на електричната енергија за повеќе од 245.000 домаќинства и фирми кој останаа без струја.

Според медиумите, бројот на загинати од уграганот „Мајкл“ кој ги погоди Флорида, Вирџинија, Северна Каролина и Џорџија порасна на 18, но се очекува истиот да се зголеми.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток