Сестрата на Фросина: Сите сме сведоци на срамната изјава на родителите на Васо кои кажаа дека им ја крадел колата

Од
Објавено на

Росица Кулакова, сестрата на Фросина, смета дека изјавата на родителите на возачот Васил Јованов дека тој го крадел автомобилот е срамна. Таа јавно ги праша, дали некогаш го пријавиле за кражба.
„Сите сме сведоци на денешната срамна изјава од родителите кои кажаа дека Васо им ја крадел колата за да ја вози, а тие ко неми си ќутеле. Па зарем тоа не е кривично дело – КРАЖБА?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?! М?“, напиша Кулакова.
Претходно:
