Македонија

Филипче откри како СДСМ ќе настапи на локалните, можна ли е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Кичево?

За еден месец, СДСМ ќе бира нов претседател, бидејќи на Венко Филипче му завршува мандатот.

„Мојот мандат завршува на 21 март, а изборите се закажани на 16 март“, рече Филипче.

Тој посочи дека се разгледуваат имиња и за кандидатите за градоначалници.

„Од партиските членови се гледаат имиња, како и од нашите коалициони партнери, граѓански листи, со кои би се поддржале коалициски. Ова очекувам да заврши до крајот на март, за да ги имаме првите сознанија од теренските анкети, како и телефонските анкети“, додаде Филипче.

Беше прашан и за колалициите.

„Ќе го кажам ставот кој не е потврден, дека СДСМ на овие локални избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно“, рече Филипче.

Прашан дали СДСМ ќе прави коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Филипче рече: „Тоа е интересно прашање, може да се разговара за него во следните месеци“.

На почеток