На 13.10.2018 година во 13.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105мм со потекло од Првата светска војна.
Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.
