Ако не ги бива, ќе ги разрешуваме на референдум – новоизбраните градоначалници нема да бидат недопирливи


Новоизбраните градоначалници нема да бидат недопирливи, ако се остварат предвидувањата на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, за носење на измените на Законот до летово.
Ретроградно не може да важи, па така, сите од актуелниов мандат се спасени. Според овој предлог закон, доколку некој од градоначалниците не си ја заврши работата како што треба, граѓаните ќе можат да го разрешат на референдум.
„Навистина станува збор за едно системско решение, системски закон за којшто беше неопходно да имаме навистина широка јавна дебата за да ги слушнеме мислењата од сите чинители и навистина тоа и го направивме. Некаде после 30 март веќе ќе биде оперативен законот во насока на тоа предлог-измени да се валидизираат од релевантните институции, така што јас очекувам некаде до летото да се заврши целиот процес. И нам ни е важно новите градоначалници, практично новите кандидати да бидат избрани согласно новиот Закон за локална самоуправа, така што отприлика очекуваме некаде до летото да ја завршиме целата постапка“, рече министерот за локална самоуправа.
