Ексоветничката на Заев, Илиевска, не поднесува оставка од Судски совет: Најсовесно и чесно ја извршував функцијата


Тања Чачарова-Илиевска, член на Судски совет, избрана од Собранието не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што од неа и од другите гленови избрани од Зааконодавниот дом бара премиерот Христијан Мицкоски. Таа во минатото беше советничка на премиерот Зоран Заев во Владата, а потоа беше избрана како член на Судскиот совет.
За нив владеачкото мнозинство поднесе интерпелација.
Чачарова-Илиевска, пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, а денес одговори на наводите во интерпелација.
„Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судскиот совет и затоа, да ви кажам искрено, не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност за да поднесам оставка. Интерпелацијата нема индивидуализирано кои дејствија, кои постапки јас како член поединец на Судскиот совет сум ги презела несовесно, незаконито кои би можеле да ми се стават на товар заради таквиот извештај на работа во Судскиот совет и воопшто за работата на целиот Судски совет“, рече Чачарова- Илиевска.
Таа одговора дека интерпелацијата упатува на интерпелација на Судскиот совет како колективно тело.
„Сметам дека тоа е дискриминаторски однос спрема членовите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на челновите на Судскиот совет. Понатаму наведов дека е дискутабилна можноста или правото на Собранието за поднесување интерпелација на член на Судскиот совет имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции“, вели Чачарова- Илиевска.
Таа укажа дека за интерпелацијата веќе има реакции од домашната стручна јавност, но и од надворешни фактори вклучително ЕУ како и Стејт департментот. Токму затоа Чачарова-Илиевска смета дека треба многу внимателно да се пристапи кон прашањето за интерпелацијата и да се сфати дека таа е механизам за политичка контрола заради утврдување политичка одговорност кај носители на јавни функции кои се одгворни за својата работа пред Собранието.
Освен за Чачарова-Илиевска, интерпелации се поднесени и за Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.
Милазим Мустафа, денес рече дека одговориле по сите основи наведени во интерпелацијата и откако ќе завршат сите процедури во Собранието се надева на позитивен исход.
Изгласувањето на интерпелациите во Собранието не значи дека тие заминуваат од функциите, затоа Мицкоски од нив побара оставки.
Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата
