Македонија

Четврти смртен случај од грип

Уште еден смртен случај од грип е регистриран изминатата недела. Како што стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, почината е жена на возраст од 82 години од Скопје која била хоспитализирано на клиниката за Пулмоалергологија.

Пациентката имала и други болести и не била вакцинирана со вакцина против сезонски грип.

Ова, според податоците на Институтот е четврти смртен случај од почетокот на сезоната на грип оваа сезона.

Според официјалните податоци, пак бројката на новозаболени бележи тренд на намалување за 15% во споредба со претходната недела. Сепак во споредба со претходните 14 години се забележува зголемување за 38,4%.

Регистрирани се 2.569 случаи, од кои 1.465 лица се на возраст од 15-64 години, 550 кај деца на возраст од 5-14 години, 297 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години.

Според лекарите пикот на грипот е веќе достигнат и очекуваат намалување на бројките на заболени.

На почеток