Палевски кажа дека е спремен за доживотна робија, па бара да се докаже дека куршумот со кој е убиен Панче е од пиштолот на Видевски


Нови барања истакнаа адвокатите на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панле Жежовски. Бараат вештакот кој ја вештачел чаурата од куршумот со кој е убиен Панче Жежовски да биде повикан на распит во судница, да се дополни вештачењето дали оваа чаура е испукана од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски. Ова не е прво рочиште како Палевски одговорноста ја префрла кај Видевски, чиј пиштол за кој имал дозвола, не е најден. Досега
„Предлагам да се достави пронајдената чаура пронајдена на лице место со телото на Панче Жежовски, а предложена е од страна на обвинетиот на 31.12.2024. Во списите на предметот има вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека испукана од оружје калибар 9мм и дека на истата се пронајдени се пронајдени траги кои покажуваат дека е можно да се направи споредба со базата на податоци на МВР, по однос дали оваа чаура е испукна од оружје кое има одобрение односно дали таа чаура е испукана од пиштолот на Боре Видовски. Чаурата да се презентирана чаурата и вештото лице Јасминка Трајковска да се испита пред судот и да се произнесе за чаурата за да направи споредба доколку е надлежна“, побара адвокатот Марјан Витановски.
20-тина докази на Палевски судот не ги прифати бидејќи веќе биле изведени. Потоа, Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски, што не е првпат.
„Барам изземање на претседателот на судската постапка Ивица Стефановски, под нова околност заради пристрасност, минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за пристрасност и оневозможување фер и одбрана затоа што ги злоупотребува дискреционите права и не дозволува изведување на докази кои се во моја корист. Јас таа шанса во оваа постпака ја немам, и затоа на претседателот на судот му наведувам дека доказот за вештачење на ‘реното кангу’, ОЈО не кажа каде се подигнати трагите ниту пак објасни каде се пронајдени трагите од тројцат обвинети, на која околност, туку само беа прочитани дека билее пронајдени во реното кангу.Во неколку наврати ја коригира обвинителката како треба и што треба да каже во записник. Неколку пати е исправена во излагањето, а во исто време има 30-тина минута од 20 рочишта потрошени од ОЈО, со 26 сведоци кои не кажаа ништо. Но кога требаше јас да потрошам 30-тина минута за мојата одбрана и 21 доказ господинот судија најде причина да ми не ми ја овозможи“, рече Палевски, кој дополни очекува барањето за изземање да му биде одбиено од претседателот на судот Иван Џолев.
Според него, на овој начин се прејудицира пресудата, па посочи дека е свесен дека ќе добие доживотен затвор.
Тој го обвини судијата дека го крие оружјето со кое се извршени убиствата.
„Барам ова изземање на судија кој крие оружје бидејќи не му одговараа на однапред донесена пресуда која е донесена на 05.12.2023 година на уште една политичка Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија ниту ме плаши ниту влијае на мене, доказите кои судијата не сака да ги дозволи, не ги прочитал а како ли да ги цени. Не требаат докази кои се во корист на одбраната бидејќи пресудата е веќе донесена“, посочи Палевски.
Ваквиот потег на Палевски доаѓа доаѓа на едно рочиште пред распитот на Велибор Манев. Досега, сите други обвинети во случајот молчеа, освен Влатко Кешишев кој достави писмо до судот во кое го брани Палевски, па на наредното рочиште кажа дека обвинетиот го принудил тоа да го направи додека ги превезувале до судот.
