Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали шверцерското носење на ребаланс на бучетот значи прикривање на матните зделки на Владата?

Владата која лажно се преставува за транспарентна, на шверцерски начин далеку од очите на јавноста, на нетранспарентен начин скрои ребаланс на буџет кој преставува покривање на матните бизниси и нерентабилната презадолжена економија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ни огромното задолжување веќе не може да ги покрие криминалите на владата.

„Владата треба да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот, дали ова значи дека прикриваат траги од незаконско работење, дали поради катастрофалното работење на владата во опасност се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери? Дали економијата е пред банкрот?“, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПMНЕ велат дека владата на СДСМ нема ниту едно остварено ветување.

„Да потсетиме ние сме економија со капитални инвестиции од енормно ниски само 23.3 отсто за повеќе од половина година, со пад на градежништвото од минус триесет отсто, без нови странски инвестиции, и со девизен прилив на странските инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ со енормно задолжена економија од 5.14 милијарди евра“, се наведува во партиското соопштение.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток