Македонија

Малолетник управувач мопед, заврши со тешки повреди на Клинички во Скопје откако се судри со “ВМВ”

На 08.03.2025 година во 14.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.

На почеток