Закани дека пак ќе го има ланското сценарио: Протести на 2 и 7 април доколку не се зголеми минималната плата


Синдикатот се закани дека може повторно да го гледаме ланското сценарио доколку Владата не прифати раст на минималната плата . На 2 и 7 април можно е работниците да излезат на улица.
Ова го најави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој силно ги осуди политичките нападите врз ССМ.
„Очекувавме Владата да има разбирање за покачувањето на платите, но наместо тоа добивме ниски удари и напади од политички структури. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координирал со опозициски партии е смешно и трагично“, вели Трендафилов.
„Јас не сум ниту на ВМРО- ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица или ДУИ. Јас сум на работниците, се додека не стане некој друг. Не сум избран од потрчковци“, кажа претседателот на ССМ.
