Македонија

Пендаровски и СДС се против националните интереси на Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот претседател, Стево Пендаровски едвај дочека уште на првото појавување на интервју да ги поткопува позициите на Македонија во однос на надворешната политика“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Пендаровски уште еднаш докажа дека СДС нема конзистентност во политиките.

Пендаровски уште еднаш покажа дека „виткањето на кичма“ е единствената политика која ја познава СДС.

Пендаровски и аналитичарите од СДС ги поткопуваат позициите на државата на меѓународен план. СДС си го покажа вистинското лице и ставот дека се контра политиките на стратешкиот партнер на Македонија, САД.

Сервилноста и аматеризмот во надворешната политика која ја водеше Пендаровски и СДС ја доведе државата во незавидна позиција.

Кому му служат изјавите на Пендаровски?

Пендаровски со неговите изјави и пазарџиски политики, како и откривањето на разговори од средби со дипломати, само ги руши националните интереси и ги открива државните позиции, со што и прави штета на Македонија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, постојано ги унапредува и зајакнува односите со стратешките партнери на државата.

На почеток