Трендафилов призна дека е пиун на СДС, ДУИ и Левица, за политичките барања на ССМ, вели ВМРО-ДПМНЕ


„Трендафилов со неговите лоши потези, за жал, го направи ССМ да биде партиски комисија на СДС, а тој самиот гласноговорник на истата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Очајни се обидите на Трендафилов да глуми независен, кога самиот тој истакна дека се обединил со опозицијата за да нуди политички барања од нивно име преку ССМ.
Прес-конференцијата која што ја одржа Трендафилов вчера е класичен пример на нервозен човек кој е откриен за заткулисните игри што ги прави, за коишто возвраќа на СДС кој го стави да биде прв човек на ССМ. Ова се има случувано и во минатото, односно, на СДС им стана практика да ставаат свои луѓе на позицијата претседател на ССМ.
Барањата на ССМ и СДС се идентични, скоро и да немаат разлика, а проблемот е во тоа што тие предлози се нереални и политички, ќе создадат голема вештачка инфлација и парата нема да ја има истата вредност.
Впрочем, видовме изминатите години како СДС на еден антидржавен начин ја урниса економијата.
Трендафилов упати навреди и уцени кон власта и видно вознемирен од тоа што не му проаѓаат наметнатите политички предлози, истакна дека покачувањето на платите во образованието биле на штета на работниците.
Нема друг синдикалец во светот кој е против повисоки плати, освен политички инструираниот на СДС, Левица и ДУИ.
Владата предводена од ВРМО ДПМНЕ работи на подигнување на економскиот раст на државата, зголемување на платите во државата и отворање на нови работни места.
