Македонија

„Палчо преку перниче испука куршум во детето, ни даде копач и ашов, копавме во смрзната земја“, Манев сведочи за секој детал за убиството на Вања

Обвинетиот Велибор Манев, во исказот објасни и како била киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска. Исто како во случајот на Панче Жежовски, истрелот кон неа бил во дел од секунда, испукан од Љупчо палевски-Палчо. Манев објасни дека Палчо бил планерот, командо-давачот, реализаторот. Според неговото сведоштво, требало да добијат по 150.000 евра од грабнувањето, на ќерка на фармацевт.

„Откога ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски почнав да се движам по улиците кои ми ги кажуваше претходно, улицата пред зградата не ја знам, излеговме на Партизанска, па после скршавме кон Рузвелтова,се она што е снимено на ‘Сејв сити’, покрај Палес, скршавме кон Качанички, тука се исклучив на патот према местото преку селото како се викаше… Палевски нѐ чекаше на надвожњанокот, и тука он продолжи пред нас, јас одев по него. Стасавме до местото Оризови Дупки. Го отворивме гепекот, Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, за татко, мајка, се почна да прашува и откако тоа го дозна ни рече да ја земеме и да ја извадиме надвор од колата за да ја слика и да може да прати слики на родителите на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го извадивме селотејпот видвоме дека тоа е дете, не е жена. Јас и Влатко бевме блиску до него, му реков дека ова е грешка и дека треба да ја пуштиме назад бидејќи сме со маски нѐ нема видоно, да ја ослобидме. Љупчо Палевски повторно почна да кажува, да прекинам дека ништо не разбирам, дека се е таман, се било чисто, нема да што берам гајле, дека првичното сума која што ни ја поднудил не ќе може да се земе дека ќе биде помала и заќутивме едноставно. Не знам, се свртив да гледам према лозјата да видам, запуштени лозја, да видам во која од собите што се правени, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски пријде на детето со пиштол и перниче во рака и го испука куршот преку перниче и повторно бев надвор од себе“, рече Манев.

Тој додаде дека Палевски се вратил до „Реното кангу“, земал копач и ашов кои не биле употребувани и им ги фрлил за да ископтаат дупка, за да се закопа детето.

„Компавме во смрзната земја, Љупчо Палевски ја крена од кај главата и рече земај јас и Влатко ја спуштивме во дупката, ние од кај нозете. Палевски ја извади вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. И нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. Кога го заршивме тоа, ни нареди да  тргнам по него со колата, јас го возев цитроенот возилото на Панче, он напред возеше со пикапот, и од таму кон Глуво,  потоа скршавме кон Скопје, некаде подоле по патот тргнавме кон блокот каде што го запаливме возилото, нива огромна. Ми кажа да ја терам колата до таму, го попрска возилото со гориво и го запали возилото на Панче. Јас само седнав на предното седиште во пикапот, Боре и Влатко седнаа позади и тргнвме да се враќаме према канцеларија. За снимките каде што се гледа блуза со црна трака тоа сум јас на совозачко место, Љупчо Палевски го возеше пикапот и стасавме во кацеларија. И оттука стасавме во канцеларија и после тоа јас и Боре продолживме, се префрливме во моето возило и продолживме за Велес. А Влатко и Палевски останаа во канцеларијата“, рече Манев.

Тој кажа дека Палевски имал оружје но му го одзеле при претрес кај Демир Капија.

„Палевски имаше но му го земаа кај Демир Капија во претрес, Боре Видевски поради тоа што знам што работел, бил обезбедување на газдата на Жито, марката не ја знам. Не се разбирам“, рече Манев додавајќи дека Палевски комуницирале најмногу по настанот

„Он ми се јавуваше како ‘не се секирај се е чисто, не бери гајле’, на два три пати ми се јави едно по друго, во Tелеграмот ги има часовите и минутите како се јавуваше, и тоа со Боре дневно по еднаш ќе се чуеме“, додаде Манев.

Според него, Палевски им се јавувал и додека бил во бегство.

„Тоа беше кога тргнал од Србија кон турција преку Бугарија. Не еднаш, повеќе пати се јави, првиот пат, првиот пат се јави ми вика ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш. За после неполни 10 минути повторно да ми се јави да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димковски, и последно ми рече ќе се чуеме повторно кога ќе биде во Истанбул. Сабајлето ми се јави бидејќи знае дека имам многу пријатели во Турција, ми рече да му најдам некој пријател за контакт за да може да му најде куќа под кирија наводно во Истанбул бил многу висока киријата. Тој пријател што му го предложив, Хусеин, мој добар пријател, во Баликесир, му го кажав името и тој нашол таму некја куќа однапред платена три месеци“, додаде Манев.

Судењето е во тек.

ПРЕТХОДНО:

Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат

На почеток