Македонија

Европска и регионална поддршка за ССМ: Власта да ги тргне канџите од синдикализмот

Сојузот на синдикати на Македонија побара и доби поддршка од Европската и меѓународната конфедерација на синдикати. Се пожалија на организирано мешање во синдикатот од страна на власта, пред се на ВМРО-ДПМНЕ.

Претставници на Европската конфедерација и од регионот дојдоа да дадат поддршка на барањето на ССМ.

Велат, земја што не ги почитува синдикатите мора да биде повикана на одговорност. Македонија, како земја со аспирации за членство во европското семејство, треба да ги тргне канџите од синдикализмот бидејќи истиот е дел од вредностите на Европската унија.

Зад ССМ застанаа и Самостојните синдикати на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои оценија дека минималната плата во Македонија е под секој минимум.

,,Ќе се заложиме да обезбедиме никој да не одлучува наместо нас, без нас. Во одреден момент успеавме, во одреден момент не”, изјави Душко Вуковиќ, независен синдикат на Србија.

Херцеговина.
,,Ние донесовме заклучоци јавно да им дадеме поддршка на нашите колеги, синдикалци од Македонија, во однос на минималната плата, која е навистина толку ниска, што е под секој минимум”, изјави Душко Зарубица, генерален секретар на синдикати во Црна Гора.

Од Европската конфедерација на синдикати излегоа со став дека ќе ја известат Европската комисија дека Владата врши притисок да не се зголемуваат платите и дека целиот случај ќе го стават под мониторинг.

,,Дојдовме во Скопје да разговараме како да ги зајакнеме синдикатите, да ги застапуваме сите вработени и како да се бориме за подобри услови за работа. Низ Европа усвоивме директива за минимална плата. Оваа директива дава насоки за сите земји во Европа за тоа како да се утврди соодветна и правична минимална плата и како да се поддржи колективниот договор”, вели Теа Јарц, секретарка на Европската конфедерација на синдикати.

На притисок одговараме со притисок, вели првиот синдикалец Слободан Трендафилов, посочувајќи дека пред работникот не смее да застане никој во спротивно ќе се соочат со моќта на синдикалното ехо.

На почеток