Македонија

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ – сите болници мобилизирани

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.

Во акцијата се вклучени и хеликоптери, па дел од повредените се транспортираат и во клиниката „Жан Митрев“. Во сите медицински установи имало мобилизација.
Полесно повредените медицинска помош добиваат и во кочанската болница.

Семејства и роднини на лицата одат од болница до болница и бараат информации за нивните блиски. На терен, сите институции работат координирано и се собираат точни информации, по што ќе излезат со детали.

На почеток