Македонија

Обвинителството на терен: Бројот на жртвите се утврдува

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сѐ уште се преземаат дејствија и се врши увид, соопштина од обвинителството.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈО-ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

На почеток