Коментари

Цаневска: Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив – да не ја валкаме нивната солза!

„Бројот на жртви се зголемува, тешко повредени, врисоци, барање здив и спас од дискотеката на смртта во Кочани“, напиша новинарката Катерина Цаневска и додаде:

Семејствата и блиските обвиени во црнина и болка, тагува Кочани, тагува Македонија. Но, ова не е време за ќарување политички поени и обвинувања во чие време повеќе луѓе погинале, кој како и што градел.Да ги оставиме семејствата да ги исплачат и достоинствено да си ги испратат саканите, да не ја валкаме нивната солза.

Потоа надлежните да испитаат и да одговараат виновните за да не ни се повтори. Бевте што бевте и тие што треба и тие што не треба во Кочани, сега назад каде што ви е место.
Да дозволиме ова да бидат денови на тагување а не партиска гладијаторска борба“.

На почеток