(Видео) Меѓу загинатите има тројца малолетници, а 20 се повредени – 22 лица се во критична состојба


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека меѓу загинатите има тројца малолетници. Тој посочи дека 22 лица се во критична состојба.
„Досега се утврдени 20 малолетни лица, и три починати малолетни лица. Во дискотеката имало негде, според првичните информации околу 500 лица, околу 250 лица се продадени согласно информациите кои ги имаме. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејството. Идентификувани се најголем дел од жртвите. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица, дел ќе бидат пренесени во Бугарија, дел во Турција, дел во Грција“, рече Тошковски.
