Се организира авионски транспорт за најтешко повредените во дискотеката во Кочани

Од
Објавено на

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во страотниот пожар во дискотеката во Кочани.
Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.
Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.
За Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.
Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.
