Вучиќ разговараше со дел од повредените од Кочани кои се лекуваат во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што се случи ноќта меѓу саботата и неделата, загинаа најмалку 59 лица, а околу 155 се повредени, од кои 51 се испратени на лекување во странство.
