Македонија

Мицкоски: Никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во Скопје.

На новинарско прашање според кои протоколи тоа е дозволено и дали може да има последици врз здравјето на пациентите, бидејќи не е дозволена посета ниту на семејствата, Мицкоски рече дека и вчера и денеска посетил пациенти и ги запазил сите протоколи побарани од медицинскиот персонал и од докторите.

„И во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден нема да видите лице, ниту да слушнете и прочитате име на пациент што јас сум го посетил. Ќе ги видите сите фотографии, ќе видите како јас сум влегол. Да, има и такви што влегуваа со камери и слично, но како што видовте и вчера и денеска, јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова. Фотографиите се во тил, нема ниту едно лице, многу внимателно ги избиравме фотографиите за да нема ниедно лице. Не го правам тоа поради пиар, туку го правам за да излезам пред вас за да не се кријам и за да зборувам отворено за сето она со кое се соочуваме. Ако е тоа проблем, подготвен сум да сносам одговорност. Мојата задача е преку медиумите да се обратам со пораки до граѓаните и тие пораки важни за граѓаните, тоа е мојата цел“, изјави премиерот.

На почеток