Македонија

Двајца загинати во Волково, малолетник е повреден и во болница – детали од МВР

Две лица загинале, додека малолетник во релативно стабилна состојба е однесен во болница на лекување. Ова е епилогот од пукањето кое се случи утрово во скопско Волково, во општината Ѓорче Петров.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Малолетникот кој е повреден е пренесен на КАРИЛ и е во релативно стабилна состојба. Тој ќе биде пренесен на Клиниката за пластична хирургија за натамошно третирање.

На почеток