Македонија

Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката се на распит во станица

Сопругата и ќерката на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ се повикани во полициска станица, да дадат исказ. „Скопје1“ побара од Обвинителството да прецизира дали тие се осомничени или не, на што не добивме конкретен одговор, па ни одговорија: „Доколку има нови приведени обвинителството ќе извести. Ова се информациите до овој момент“.

Обвинителството веќе соопшти дека на распит се викнати лица кои би можеле да имаат определени сознанија, што би значело дека тие немаат статус на осомничени во постапката за начинот на работа и пожарот во објкетот. Оваа информација е неофицијална.

Одземени се и неколку телефонски уреди, кои ќе бидат дадени на вечташење.

Од МВР, без никакви детали.

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. При тоа извршени се претреси на пет локациии во Кочани и Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“ велат од МВР.

На почеток