Македонија

Пука ли ВРЕДИ по изборни шавови

Дали престојните локални избори и апетитите за поголем дел од изборниот колач, ги раскара партнерите во владината коалиција ВРЕДИ?Изјавите на лидерот на Алијансата на Aлбанците и министер за здравство, Арбен Таравари, дека е во комуникација со ДУИ, ги налути партнерите од ВРЕДИ.

Демократското движење демантираше дека има каква било комуникација со ДУИ. Од партијата на Изет Меџити, преку соопштение оценуваат дека како партија и понатаму ќе бидат дел од ВРЕДИ.

„Демократското движење нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција”, децидни се од Демократско движење.

И Алтернатива демантира дека има комуникација со ДУИ.

Движењето Беса негира дека нејзиниот лидер Биљал Касами комуницирал со Демократската унија за интеграција и Али Ахмети.

Таравари предложил самостоен настап на секоја од четирите партии на советничките листи, а заеднички кандидати за градоначалници, што не било прифатливо за партнерите во коалицијата.

Веста дека Таравари има проблем во коалицијата, како и дека сакал да ја напушти кружи во јавноста изминативе денови. Истовремено, тој демантираше и рече дека останува на функцијата и во Влада.

На почеток