(Видео) Од Врбјани до Охрид ќе се вози по новиот автопат, ако пратениците донесат измени на Законот кој овозможува вклопување на објектите по трасата


Пратеникот Сашо Донев, образложи зошто Законот за реализација на инфраструклтирни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид треба да биде донесен од Собранието.
„Она што го ветувавме како Влада, дека делницата од Охрид до Врбјани ќе стане реалност, ќе се асфалтира и ќе може да се користи до започнување на туристичката сезона во Охрид е реалност. И се надевам дека со ова законско решение ќе може, тие објекти по трасата од Охрид до Кичево да бидат вклопени, за да може да се доизгради автопатот. Најважно за граѓаните на Охрид и Струга, е дека ќе може делот од аеродромот до Охрид ќе може да се пушти и ќе ги нема тие гужви кога ќе почне туристичката сезона“, рече Донев.
Со измените се овозможува приклучување на придружни и услужни објекти кои се наоѓаат на самата делница, делови на трасата да бидат пуштени во употреба до почеток на летото.
„Нашето ветување за пуштање на автопатот во употреба од Охрид до Врбјани станува реалност“, посочи тој.
