Македонија

Уште три повредени од „Пулс“ се во тешка состојба, Таравари: Многу се критично, се надеваме дека ќе оди на подобро

Министерот за здравство, Арбен Таравар, кажа дека и натаму, тројца пациенти се во критична состојба. За нив рече: „Да се надеваме дека ќе оди на добро, ама состојбата за нив е многу критична“.

Таравари посочи дека другите пациенти се во добра состојба. Пет се испишуваат од скопските болници, а шест се враќаат назад од лекувањето во странство.

„Од 14 пациенти, пет ќе бидат испишани да се лекуваат дома. Девет остануваат во болниците во Скопје. Денеска се враќаат шест пациенти, два од Бугарија, два од Шпанија, два од Унгарија. Стабилни се и добри. Ќе се лекуваат уште 24 часа во нашите болници и ќе бидат пуштени на домашно лекување. Надвор од државата остануваат 69 пациенти од кои три се во критична и нестабилна состојба. 118 пациенти се во домашни услови и добри се“, рече Таравари.

На почеток