Македонија

Прогноза за денеска и утре: Сибирски студ, па циклон и температури и до -10

Поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имавме вчера. Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои на повисоките населени места и на планините, како и на скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

Во понеделник (7 април) под влијание на многу ладниот воздушен бран со потекло од Сибир, ќе биде невообичаено ладно за месец април и со температури далеку под просекот за овој период од годината и истите ќе бидат пониски од просечните дури и за повеќе од 10 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со локално провејување на снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

И во Скопскиот регион во понеделник (7 април) ќе имаме променливо и многу ладно време за овој период од годината. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, наутро речиси насекаде тие ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе има појава на мраз и температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека на планинските места тие ќе се спуштаат до околу -10 степени. Максималните дневни температури кај нас во понеделник (7 април) ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Во Скопје максималната дневна температура во понеделник (7 април) ќе се искачи до околу 6/7 степени.

На почеток