Македонија

(Видео) „Со болка ве викам да дадеме поддршка!“ – трет обид за да почне правораздавањето за смртоносното прегазување на Теодора

Во Тетово утре ќе има трет обид да започне судењето за смртоносното прегазување на Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот. Нејзината сестра, Ева Ристовска, ги повика медиумите и јавноста да присуствуваат на рочиштето, бидејќи смета дека само така може да се дојде до правда.

„Со болка, но и со надеж во срцето, повторно ви се обраќам. Уште еднаш ве повикувам сите – пријатели, познаници, секој што верува во правдата – да ѝ дадеме поддршка на Теодора! УТРЕ ВО 12 ЧАСОТ, ПРЕД ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО, да застанеме заедно да ја побараме ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА. Теодора не е сама! Нашето присуство ќе ѝ покаже дека не е заборавена, дека сме со неа – со срце, со мисла и со целата наша сила. Нејзиниот глас неможе да се слушне но ние сите заедно можеме за Теодора!ЗА ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!“, напиша Ева Ристовска.

По минатото рочиште, кое исто така се одложи со изговор дека обвинетиот е на лекување во тетовската болница, таткото и сестрата на Теодора низ солзи посочија дека само сакаат правда.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

Изјавата при последното одложување:

На почеток