Македонија

(Видео) Снег низ Скопје во април: еве како е на Водно, Стража и Маврово

На повисоките места, како и скијачките центри, од попладнево вее снег. На дел од местата, има и формирана снежна прекривка. Па така, снег има на падините на Водно, каде и натаму се формира снежна прекривка.

На превојот Стража, треба да се вози внимателно. Иако се чисти, снежната прекривка се формира брзо. Возачи јавуваат дека има и пролизгување поради ниските температури и заледување на асфалтот.

Истите препораки важат и за патот кон и од Маврово.

Од 15:25 часот поради обилни врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На почеток