Македонија

Гувернерката на НБРМ се сретна со високи претставници на ММФ и Светската банка

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), се сретна со извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој.

Ангеловска-Бежоска се сретна и со директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, извршниот директор на СБ, Франк Хемскирк, потпретстедателот на СБ, Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како што информираат од НБРМ, одржала состаноци и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи. За време на овие состаноци се разговарало за постигнатите резултати од досегашната успешна соработка со ММФ и можностите за дополнително унапредување на работата на НБРМ, преку техничка и советодавна соработка во областите на стандардите за статистичко известување и унапредување на моделите за економско проектирање.

Заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ ја предводеше делегацијата на Република Македонија на годишните средби на ММФ и Светската банка, кои годинава се одржаа во Индонезија. На настанот учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на ММФ и СБ. Дискусиите беа поврзани со одржливиот раст на економијата на светско, регионално и државно ниво, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето инклузивен развој за сите целни групи во општеството, посочуваат од НБРМ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток