Коментари

Сестрата на загинатата Теодора со емотивен статус потсетува дека чека правда: Треба да знаете кое унишување сум го доживеала

Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора од Тетово која беше прегазена на пешачки премин, во емотивен статус посочува како четири месеци по трагедијата го видела возачот повторно во автомобил, со насмевка. Таа посочува дека се виделе очи во очи.

„Мислам дека ова треба да го знаете кое уништување сум го видела и дожевеала јас,а сум немала можност да кажам и да да зборувам пред судот бидејќи не се водам како оштетена страна…. После загубата на мојата сестра ни 4 месеца после таа голема трагедија за нас јас го гледам човекот како излегува од супермакет и се качува во својот автомобил и повторно вози. По четири месеци. Движење во близина на нашите работни места и покажување на блага насмевка од негова страна и гледање во очи,Болката,трепет стрес и плач, во мене. После една година во кафанаа слави со јадење и пиење насмеан!“, напиша Ристовска.

Потоа сведочи за судската постапка.

„Започнување на судската процедура де не дошол тој, де не дошла адвокатката, па не била доволно запознаена со случајот – одложување, непризнавање на вина, не ја видов, Алах сакал тука да и заврши животот – зборовите на Менсур. На пешачки ми ја усмрти сестра ми бе! Одложување повторно рочиште сакале супервештачење – одложуваме, кај нас беше повикан вештакот кој беше на лице место на самиот настан,залудно одлагање “господинот” ќе признаел (пазар бе)“, додава таа.

Остатокот од статусот прочитајте го тука:

На почеток