Некатегоризирани

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата, вели Филипче за заемот од Обединетото кралство

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Владата не смее да се задолжи кај Обвинетото кралство, без да и соопшти детали на јавноста. Тој посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.

„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.

За договорот за стратешко парнтерство со Обединетото кралство, праша, дали Владата се согласила во иднина да се разговара за во Македонија да се сместуваат мигранти. Притоа, посочи дека договорот за стратешко партнерство има поддршка од СДСМ.

„На ‘ABC news’ имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.

На почеток