Театарска претстава за деца „Шумската принцеза“


Во рамки на проектот на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, на 9.05.2025 година (петок) во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Шумската принцеза” во изведба на Театар „ХИТ“. Во претставата играат актерите Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.
Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.
Претставата изобилува со оргинална сценографија и костими, како и со многу музика, песни, едукативни и интерактивни моменти.
Во рамки на проектот „Културата расте со децата. За сите деца“, детски театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.
