Латас ѝ врати на обвинителкатa Ристоска, ама не и се извини


Новинарот Драган Павловиќ-Латас и врати со одговор на обвинителката Ленче Ристоска која го обвини дека ја клевети. Тој не се извини, како што побара Ристоска.
„Ленче Ростовска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, земала 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо и влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе. Парите кои незаконски ги земале се утврдени со ревизија, со заклучок на Антикорупциска и за тоа има кривична пријава од Вишото обвинителство оценета како основана и се држи во фиока од нејзините колеги од СЈО кои сега го водат скопското обвинителство. Да се реафирмира соработката на СЈО во кое таа беше во врвот, дел од ‘трите грации’ со Љупчо Палевски Палчо кој ги имаше нивните телефонски разговори и уценуваше луѓе. Има моја кривична пријава за тоа во СЈО која ‘трите грации’ не ја процесуираа.
Да се реафирмира информацијата за тоа дали и како Ленче Ристовска била дел од ВМРО заедно со Димче Апасиев, зошто и по која цена потоа и двајцата се ставија во служба на прогон токму на ВМРО“, врати Латас.
Тој додава: „Да се реафирмира нејзиниот статус и позиција кај сегашниот државен јавен обвинител Коцевски.
Да се преобјават сите интересни детали од пресови и изјави на ‘трите грации’ и Ленче Ристовска од СЈО со клевети и подметнувања спротивно на презумцијата на невиност. Да се реафирмираат изјавите дека платите на обвинителите во СЈО биле дупло и кусур поголеми од другите обвинители бидејќи тие биле неспособни, неписмени и корумпирани… Кога тираните од УДБА решиле да ги тужат прогонетите на Голи оток, прогонетите едвај чекаат на јавна сцена конечно да се соочат. И дочекаа“.
Претходно:
