Македонија

„Страшен беше моментот“, велат очевидци за несреќата од утрово, каде автомобил удрил во девојка на тротинет

ФОТО Илустрација

Возач на „БМВ“ се судрило со лице кое управивало електричен тротинет. Несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“, зад Рамстор. Очевидци за „Скопје1“ велат дека ударот бил силен, па по кусо време итно дошла и Брза помош.

„Страшен беше моментот, автомобилот удри во тротинетот на кој беше девојка“, велат очевидци.

Од МВР со куса информација.

„Пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.З.(22) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“ управуван од С.А.(22) од Скопје“, велат од МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобила С.А. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На почеток