Македонија

Охриѓани се тепале на сред бел ден, причина – кој има предност да помине

На 23.03.2019 година во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу С.Т.(40) и Б.Б(47), двајцата од Охрид. Тие, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка.

Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток