Македонија

(ВИДЕО) Мир во душата, љубов кон изворното – Павле повторно свири во Градскиот Парк

Синот на Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО ДПМН, и денеска го искористи убавото сончево и топло време да свири кавал во Градскиот Парк.

Павле пред неколку денови беше „главна тема“ на социјалните мрежи, откако се шеруваше негова фотографија. По објавата тој стана од една страна  мета на критики претежно од членови и симпатизери на власта, а  од друга страна од останатите  доби и подршка поготово по образложението дека после секое неговото свирење, парите кои ги собира како доброволен прилог, отпосле им ги дели на дечиња.

И Силјаноска проговори за љубовта на нејзиниот син кон изворната музика. Таа побара нејзиниот син да го остават на мир и да не го злоупотребуваат во политичката кампања.  Во опис на фотографијата која беше објавена на Твитер, од синот на професорката пишува: „Го раѓаш, го растеш, го чуваш за да порасне и свири кавал за парички во парк, додека ти се тркаш за претседателска фотеља. Во одговор Силјановска-Давкова вели:

„Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша Силјановска Давкова неодамна на социјалната мрежа фејсбук.

Синот на Гордана Силјановска во Градски парк

Posted by skopje1.mk on Sunday, March 24, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток