Македонија

Пратениците ќе се обидат да го менуваат Уставот

За денеска во 11 часот е закажана парламентарната седница за потребата од уставни измени, кои ги предложи владата согласно Договорот од Преспа.

Пред седницата СДСМ ги повика сите пратеници да ги поддржат уставните измени, со цел деблокирање на евроатланските интеграции.

Од ВМРО-ДПМНЕ, се изјаснија дека на денешната координација ќе решат како ќе настапат на парламентарната седница, меѓутоа јасно порачаа дека пратениците нема да поддржат уставни измени за промена на уставното име на државата.

Здружението граѓани „Преродба“ најави протести и блокади со почеток од 10 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток