СС

Денеска не било закажано судење за таткото на Васил Јованов

„Во однос на текстот со наслов „Пропадна стартот на судењето за таткото на Васил Јованов, кој му го дал автомобилот со кој ја усмрти Фросина“ објавен или преземен од неколку портали, ја информираме јавноста дека се работи за неточни информации кои во целост ги демантираме“, велат од Кривичен суд и додаваат:

„Имено, порталот преку наведениот текст известува дека денска било закажано судење за предметот против З.Ј. кој го суди судијата Љубинка Башевска, а кое судење било одложено бидејќи не биле исполнети условите за да се одржи. Но, согласно проверките на судот, денска воопшто не било насрочено такво судење, ниту пак посочената судија постапува по предмет во кој е обвинет З.Ј“.

На почеток