Македонија

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.

„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.

„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

На почеток