Коментари

Груби по шест месеци се јави преку “Фејсбук”

Експрвиот заменик претседател на Влада и човек од доверба на Али Ахмети, Артан Груби кој веќе шест месеци не е достапен за македонските институции денеска се огласи на социјалните медиуми по повод неговиот роденден.

Груби сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини. Се работи за прва негова активност по исчезнувањето, а објавата не содржи никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати.

Тој објави фотографија со уште една машка особа, двајцата се во црвени маици, а на грбот пишува-Албанија.

Артан Груби во декември мунатата година се најде на американската црна листа. Веднаш потоа преку долг Фејсбук статус најави повлекување од политиката и јавниот живот за да побегне преку легален граничен премин поради аферата за криминал во Лотарија.

На почеток