Охрид

„Охридски Комуналец“ започна со летните активности за одржување на јавната хигиена

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги започна сезонските активности за одржување на хигиената на јавните површини, со посебен акцент на охридските плажи.

На јавната плажа „Горица 3“ поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за ситен отпад, а дежурните екипи секојдневно се грижат за чистотата на просторот. Од месец јули, канти за отпад ќе бидат поставени и на плажите кои не се под концесија, на потегот од Лагадин до Пештани.

Покрај тоа, се врши темелно чистење на плочникот околу клупите и корпите за отпадоци долж патеката од каналот Студенчишта до Горица, каде се отстрануваат тврдокорни остатоци.

Од претпријатието информираат дека сите активности се во согласност со Програмата за работа за 2025 година.

На почеток