ОО

Акција за собирање кабаст отпад во три охридски населби

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ на 5 јуни (четврток) ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во урбаните заедници 10 и 6, односно во Горна Влашка маала, Карабегомала и населбата „Христо Узунов“.

Граѓаните кои живеат во овие делови од градот се замолуваат својот отпад – стар мебел, душеци, шпорети, телевизори, теписи и слични предмети – да го изнесат уредно покрај контејнерите или на предвидените места за собирање комунален отпад, најдоцна до 07:00 часот на денот на акцијата.

За поефикасна организација, се препорачува претходно пријавување на локацијата каде што ќе биде оставен отпадот, преку дежурниот телефонски број 075/495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.

Со оваа акција, „Охридски Комуналец“ продолжува со напорите за одржување на чиста и уредна животна средина во урбаните и приградските населби.

На почеток