Охрид

Вонредна акција за кабаст отпад во Пештани на 18 јуни

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ најави дека во среда, на 18 јуни 2025 година, ќе спроведе вонредна акција за собирање кабаст отпад во селото Пештани.

Во рамки на акцијата, ќе се подигнува стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписи и друг крупен отпад. Од претпријатието апелираат до жителите на Пештани навреме да го депонираат отпадот – најдоцна до 07:00 часот на 18 јуни, уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за собирање комунален отпад.

Дополнително, сите граѓани кои имаат ваков отпад треба предходно да ја пријават локацијата на дежурниот телефонски број 075-495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.

Од „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека ваквите акции се дел од заложбите за одржување на чиста и уредна животна средина, и ги охрабруваат граѓаните активно да се вклучат и придонесат.

На почеток