Со некрофилска злоупотреба не се добиваат политички поени: Мицкоски до СДСМ за Кочани


Премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата на СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани и за објавите на опозициската партија во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“.
Мицкоски истакна дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени.
,,Што се однесува до суштината на истрагата не би коментирал, сега веќе има обвиненија, тоа е во рамки на Јавното обвинителство, Владата, ниту кој било дел од неа не е поврзан со истрагата која ја води Љупчо Коцевски, јавен обвинител кој со огромно мнозинство го избраа СДСМ и ДУИ. Во тимот се и обвинители, кои во минатото не е тајна дека беа поддржани од СДСМ и ДУИ. Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревносно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија”, рече Мицксоки
