Мицкоски одговори: Оние што правеа упад и тепаа се закануваат со штрајк во М-НАВ

Од
Објавено на

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на ултиматумот на Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија (ССКЛМ), кој од раководството на М-НАВ бара или поништување на последниот оглас за нови вработувања и итна реализација на неисполнетите точки од минатогодишната Спогодба или активирање на штрајкот.
,,Ние од закани не се плашиме”, одговори Мицкоски.
За премиерот причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување нови кадри.
,,Не мислам дека е тоа причината, се закануваат оние што правеа упад и тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат и тоа е”, рече Мицкоски.
