Синдикатот на контролори на летање се заканува со штрајк доколу не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ

Од
Објавено на

Повторно вриее во М-НАВ, нарушени се меѓучовечките односи, блокирани се процесите за јавни набавки, има тајни измени во систематизацијата со отворање несуштински работни позиции.
Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.
Инсистираат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10 ти јули.
