Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен


Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.
,,За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село.Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша владината Служба за општи и заеднички работи.
Инаку комплексот никогаш и не заживеа за да биде исплатлив, а потоа беше ставен под клуч.
Комплексот се состоеше од 12 автентични куќи од македонските краеви, простории каде се претставени македонските занаети, а дел и се продаваа. Имаше и хотелски соби и ресторански дел.
